За време на Првата светска војна во италијанските Доломити 18 000 војници го загубиле својот живот. Во нивна чест пред помалку од еден месец во планината Монте Пијана се одржа Highline Meeting Monte Piana – годишен настан за обединување на авантуристички млади луѓе од сите краеви на светот. Нив ги поврзува љубовта кон авантури и спортот хајлајнинг.d64b0c8d9f620bf70be1987ed1035acf

Првата средба е организирана во 2012 година од Алесандро Деми и Армин Холцер. Оттогаш секоја година барајќи силни сензации се упатуваат кон Италија и особено кон Доломитите, за да одат по јаже меѓу планински врвови, како и да одморат во лежалки на стотици метри над земјата.

Оваа година 26 ентузијасти се сместија во 17 шарени импровизирани лежалки, “нанижани” високо во небото. “Само пред сто години тука имало бомби, гранати, како и многу болка. Идејата ни беше да го оживееме повторно Монте Пијана, но во пријателство и мир “, објаснуваат организаторите.

Австрискиот фотограф Себастијан Валхјотер исто присуствувал на настанот, атокму неговите фотографии ја одразуваат необичната средба. Од фотографиите може да ви се сврти или да ве обзеде загриженост, особено ако имате страв од височини. но за да разберете подобро за што точно зборуваме, проверете ја нашата галерија.

Слични содржини