Истражете ја првата слаткарница на модната куќа Prada. Италијанскиот моден бренд доби нова установа во Милано, каде што нема да шири облека и додатоци, туку слатко задоволство.a58ddfd540b59fd24b06313e1c171943

Уште во месец март минатата година Prada стана мнозински акционер на историската слаткарница во градот “Пастичерија Маркези”, која е една од најпознатите култни локали на Милано и постои околу 200 години.

Оваа недела обновената установа ги отвори вратите повторно. Таа се наоѓа на улицата “Via Montenapoleone” или кажано со други зборови – срцето на модната престолнина на Италија.

Покрај предметната слаткарница, неодамна Prada доби и сопствен бар, дизајниран од Вес Андерсон.

Чудатнио бар се вика “Bar Luceо” и се наоѓа во новоотворениот кампус “Fondazione Prada Art”.

Барот ги потопува своите клиенти како во филм на Андерсон – американски режисер познат по индивидуалниот стил. Меѓу неговите најголеми успеси, кои му донесоа и номинации за “Оскар”, се филмовите “Кланот Тененбаум”, “Фантастичната мистер Фокс”, “Во царството на полна месечина” и “Гранд Хотел Будимпешта”.

Барот има многу боја, модернистички тоалети, чудни позадини, винтиџ елементи и дури и машина за пинбол.

Погледнете фотографии од ентериерот на барот и слаткарницата на Prada во галеријата.690e4b423be9f3f6a658c2e3277f2c30 becb4e8acdbb4bc091b74b672cd894dd 0d304ab4535f751f442b9d9e176dff03 26861a1e6ddcc9f68445271dd2ef1104 356f93440a521b4619ba168846677a99 037f87b9fa0f65a840436694c2f18967 970c80c3757c4f6ef0c52b903d11f5a4 dbea5af89d1b86a32d2663f462ce55fc 3a1e6205a483da5c2cbbe18beffb2c20

Слични содржини