Мингун Паја е масивен недовршен споменик на брегот на реката Иравади во Мјанмар. Поконкретно, тој се наоѓа во градот Мингун – на околу 10 километри северозападно од регионот Мандалеј.7308c6aba2576936705e515ff91a1d2b

Изградбата на споменикот започнува уште во 1790 година од тогашниот крал на земјата, но тој е суспендиран во 1819 година, кога тој умира. Мингун Паја така останала недовршена, иако ако тоа се случело, сега споменикот ќе беше најголемата статуа во светот.

Но, дури и само недовршена, оваа пагода е огромна и импозантна градба со висина од околу 50 метри и ширина – 70 метри. Мингун Паја е дефинитивно една импресивна атракција не само за странците, но и за локалното население.

Во центарот на пагодата со лице кон реката се наоѓа раскошен влез. Во него е сместени мал параклис со слика на Буда. Во предниот дел на пагодата, пак, се сместени остатоците од две џиновски статуи на лавови, високи околу 29 метри.

Во годините неколку земјотреси нанесуваат штета на Мингун Маја, а последниот е од 2012 година, поради што се ограничува пристапот до скалите. Сепак споменикот останува исклучително убав и цел на многу туристи кои го посетуваат Мјанмар.

Во нашата галерија може да најдете повеќе фотографии на пагодата Мингун.

Фото: svietnamtravel.com

Слични содржини