Спелеолошкиот нуркач Кшиштоф Старнавски од Полска ќе се обиде да го сруши рекордот на италијанскиот нуркач Луиџи Казати, кој во 2010 година се спушти на длабочина од 212 метри во пештерата Врело на Матка.

Во организација и на покана на нуркачкиот клуб „Акаватек“ и спелео- нуркачкиот клуб „Врело“, Старнавски веќе неколку денови, заедно со тимот од домашните нуркачи ги прави подготовките и нуркањата во пешерата Врело, по што ќе се обиде да го сруши рекордот на Казати. Подвигот на Старнавски ќе трае окулу десет часа и како што велат домашните нуркачи за него е потребна многу голема концентрација и психо-физичка подготвеност.
Тимот од нуркачи од “Акватек“ и “Врело“ кои се сертифицирани пештерски нуркачи, активно учествува во подвигот на Полскиот нуркач и заедно со него прибираат информации за неоткриените делови од подводната пештера. Старнавски во вторникот се спушти на длабочина од 188 метри и ги провери премините и условите за подлабоките нуркања, и со помош на домашните нуркачи го постави хабитатот потребен за декомпресија.
Во 2010 година Казети се симна до длабочина од 212 метри во десниот крак на пештерата Врело, а се претпоставува дека оттаму кракот повторно се дели на две нови патеки, кои продолжуваат понатаму во длабочина. Оваа пештера досега е итсражувана на неколку пати од домашни и странски нуркачки експедиции, при што е испитан само дел од нејзината внатрешност и не се знае до каде точно се простира и на колку метри длабочина е нејзиното дно. www.akvatek.m