ГАЛЕРИЈА: Шилегов, Царовска и Арслани ги посетија првородените близначиња

од Aleksandar Todeski

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска заедно со директорката на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје Викторија Јовановска и заменик-министерот за здравство, Арменд Арслани ги посетија мајката и близначињата, кои беа првородени во новата 2020 година во земјава.

Градоначалникот Шилегов истакна дека е убеден дека ги носат напред државата и градот со сигурни чекори, а им честиташе и на родителите за новороденчињата.

„Имаме специфична ситуација, имаме близначиња. На нив ќе им посакам здравје, среќа и среќно дестство, а на семејството им честитам на најубавиот поклон што може човекот да го добие“, рече Шилегов.

Министерката Царовска пак, нагласи дека првороденото од близначињата е девојче и упати честитка до семејството на новорденчињата.

„Денешниот ден е убаво што го почнуваме со новост. Посебно сум среќна што годинава имаме близнаци. Родителите имаат две дечиња и нашата држава има две нови дечиња. Првото од двете бебиња е девојче. Нека им е честито на родителите“, вели Царовска.

Директорката на гинекологија, Викторија Јовановска кажа дека бебињата се први во семејството и кажа дека се родени предвремено една недела. Таа потсети дека предвреме родените бебиња се големи борци.

Заменик-министерот Арслани пак, истакна дека Министерството за здравство е посветно на подобрување на условите на сите родилишта во земјата.

„Сакам да истакнам дека токму во оваа клиника во одделот за неонатологија е обезбедена најсовремена апаратура, три респиратори за новороденчињата во вредност од 100 илјади евра, со што се зајакнува опремата“, рече Арслани.

Слични содржини