Се збогувавме со најубавото, сончево и топло лето и веќе официјално ја пречекавме есента.8ad1a5157a35ad9d0196007c3634bb84

За да ги надоместиме пониските температури и врнежи кои не чекаат, можеме да ги замениме најубавите летни зајдисонца со раскошот на есенските бои.

Со помош на инспиративни декорации за маса може да додадете шармантна есенска атмосфера во вашиот дом. Боите на оваа сезона се топли и пријатни – исклучително погодни за вашето живеалиште.

Без разлика дали ги сакате чоколадните нијанси, бронзените, златните или пак портокаловите – во палетата на есента има за секого по нешто.

Дури и малите есенски детали можат да го разубават вашиот дом и да го направат погостопримлив.

Елегантните декорации за маса пак би можеле да вклучуваат сè – од желади во борови шишарки и шарени листови до гранчиња. Зеленчукот исто така може да бидат употребени како креативна декорација за маса.

Во нашата галерија може да видите разни предлози и интересни идеи за есенска декорација на вашиот дом.

Фото: minimalisti.com