Во рамки на дуелот помеѓу Данска и С.Македонија од квалификациите, и покрај забраната за публика, вчера се разбрани македонската јавност, откако дел од функционерите на СДСМ, беа забележани и фотографирани на трибините во салата „Борис Трајковски“.
По тој повод, еден од повиканите за настанот, директорот на Зоолошката градина во Скопје, даде свое образложение преку допис до медиумите, кој во целост ви го пренесуваме во продолжение:
„Почитувани медиуми, должен сум да ве известам што се случуваше во текот на изминатите два дена. Во текот на вчерашниот ден бев прозван од неколку лажни Твитер профили, а потоа веста за наводно прекршување на Ковид протоколите се прошири и по медиумите, по што бев повикан да дадам изјава во полициската станица Карпош. Како што изјавив таму, сакам и овде да кажам дека на ракометниот натпревар завчера присуствував како дел на менаџментот на РК Спартак од Кисела Вода, на покана на македонската ракометна федерација. Бев запишан на списокот пред салата, кој бил предаден до МВР еден ден пред натпреварот, а кога стигнав на врата, уредно бев сместен во салата според сите протоколи. Свесно и одговорно тврдам дека јас лично не прекршив ниту еден протокол и доколку обвинителството пронајде вина во некоја моја постапка, повикувам да постапи според законот“, се вели во дописот на Галетановски.