Газпром објави ФОТОГРАФИЈА зошто Северен тек 1 останува затворен

од Nikola Popovski

Рускиот енергетски гигант Газпром објави снимка од истекување нафта за која вели дека е причината за исклучување на Северен тек 1 до понатамошно известување.

Да потсетиме дека Газпром претходно информираше дека снабдувањето со гас од Северен тек на Европската унија е прекинато на неопределено време поради дефект на една од турбините.

Како што наведува рускиот гигант во соопштението, дефектот бил откриен на компресорската станица во Портова, а проверката ја извршиле работниците на Сименс – германска компанија која помага во одржување на цевководи.

Газпром тврди дека поправањето на истекување на нафта во клучните мотори е можно само во специјализирани работилници – за кои Русија претходно изјави дека се попречени од западните санкции.

-Увозот на гас е прекинат додека не се поправи, се додава во соопштението.

Претходно беше најавено дека е прекинато снабдувањето со гас преку Северен тек 1 поради планирани работи на пумпната единица за гас во компресорската станица Портова, а пред исклучувањето гасоводот работеше со капацитет од околу 20 проценти.

Снабдувањето беше прекинато во раните утрински часови во саботата, а одложувањето на повторното отворање на линијата беше објавено само неколку часа откако групата на нации Г7 објави ограничување на цената на руската нафта.

Слични содржини