Георгиевски: Тоа што граѓаните се шокирани од изјавите на Заев, зборува колку македонското општество било индоктринирано

ВМРО- Народна партија предводена од Љубчо Георгиевски, засега единствено застана како поддршка за Зоран Заев, по синоќешното контроверзно интервју кое македонскиот премиер го имаше за бугарски БГНЕС.

Георгиевски смета дека, „за жал, она што македонската историографија требало да го отвори во изминатите три децении на демократија, сега еден политичар во функција на премиер радикално ни го соопштил“.

„Сите работи што ги зборуваше г-динот Заев согласно со објективната историја и согласно со најголем дел од книгите извадени од македонскиот архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани само зборува колку македонското општество било индоктринирано.

Посебно ме збунува фактот за острите тонови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја внесе идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со истата држава“, посочи Георгиевски во своето излагање на Тв 21 синоќа.

Слични содржини