ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ се договорија да работат на програмата што треба да ја реализира идната бугарска Влада

од Vladimir Zorba

На лидерската средба во бугарското Народно собрание двете коалиции што освоија најмногу гласови на последните парламентарни избори- „ГЕРБ-СДС“ предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов и „Промените продолжуваат и Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ),  се договорија да работат на програмата што треба да ја реализира идната бугарска Влада.

Средбата се оддржа на покана на ГЕРБ-СДС и беше отворена за претставници на медиумите.

-Доколку има договор за оваа програма, веќе мора да почнеме да размислуваме со каков состав би ја реализирале, под условот, таа влада да биде составена од „ПП-ДБ“, рече копретседателот на ПП Асен Василев.

На средбата делегацијата на ПП-ДБ повторно посочи дека не можат да ја поддржат владата на ГЕРБ-СДС со првиот мандат, но се подготвени да зборуваат за нејзините политики, како  и за буџетот.

На средбата Борисов побара од „ПП-ДБ“ да ја презентираат нивната опција за владин кабинет со добиен втор мандат и како ќе биде составот на таа влада.

Василев, на тоа возврати дека доколку „треба да ви го понудиме составот на кабинетот, треба да знаеме и каква програма таа влада ќе спроведува“.

-Очекувате да го предложиме составот на кабинетот пред вториот мандат – тоа не е традиционална пракса и мораме да се консултираме со нашите тела, под услов да имаме договор за политиките и тоа ќе ви помогне за првиот мандат, изјави  Василев на самата лидерска средба во парламентот.

Лидерот на ГЕРБ, Борисов, претходно кажа „сакаме безусловно да ве поддржиме за вториот мандат во парламентот, без да учествувааме во работата на таа влада, но, притоа побара од  „ПП-ДБ“ да го претстават составот на владата и да види што тие нудат  како премиер и министри. Тој истакна дека тоа ќе го одреди појасниот став на ГЕРБ-СДС кога ќе одлучуваат за првиот и вториот мандат. Според него, состојбата е нестандардна, затоа и решенијата се нестандардни.

Борисов оцени дека предлогот на Василев е многу разумен и дека дискусијата треба да се продолжи во овој дух.

Слични содржини