Германците сè подоцна одат во пензија, живеат подолго и добиваат пензии подолго

од Radmila Tasevska

Жителите на Германија – и мажи и жени – се пензионираат сè подоцна и подоцна, покажуваат податоците на германската асоцијација на пензиски друштва, цитирани од ДПА. Сега работат две години подолго отколку во 2001 година.

Минатата година старосната граница за пензионирање за двата пола се искачи на 64,4 години. Во 2021 година тоа беше 64,1 години за мажи и 64,2 години за жени, а во 2001 година беше 62,4 и 62,5 години, соодветно.

Во исто време, Германците добиваат пензии подолго време бидејќи се зголеми животниот век. Во 2022 година мажите просечно примале пензија во текот на 18,8 години наспроти 16,7 години во 2012 година, а жените 22,2 години наспроти 21,2 во 2012 година.

„Иако зголемувањето на животниот век е среќен факт, тоа создава предизвици за гарантирање на пензискиот систем“, наведуваат од организацијата.

Сепак, според извештајот, овој ефект ќе биде донекаде ублажен со постепеното зголемување на возраста за пензионирање на 67 години до 2031 година. Ова е предизвикано не само од луѓето кои живеат подолго, туку и од постепеното укинување на шемите за предвремено пензионирање, што го прави одењето во пензија на помлада возраст помалку привлечно.

Слични содржини