Германскиот министер за правда, Хајко Мас ги повика Јавното обвинителство и судовите да поведат истрага против лажните информации кои се распространуваат на социјалните мрежи, јави ДПА.
Во земјата веќе некое време се води дебата за последиците кои дезинформациите и спиновите би можеле да ги произведат за време на парламентарните избори догодина. Кон крајот на минатата седмица шефот на парламентарната група на владејачката германска партија, Христијанскодемократс
Во меѓувреме, невладината организација „Репортери без граници” го објави својот годишен извештај, според кој во 2016, 57 новинари биле убиени при исполнување на своите должности и задачи, меѓу другото, повикувајќи го скоро избраниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш да назначи специјален претставнитк за заштита на новинарите.