Германски пратеник: „Границите на Западен Балкан не смеат да се менуваат“

од Vladimir Zorba

Во интервју за ДВ, членот на германските Зелени, Мануел Саразин ја нагласува важноста на координираната германско-француска политика за Западен Балкан и е силно против промена на границите на регионот.

Саразин е член на Бундестагот (Алијанса90 / Зелена) и претседател на тинк-тенк „Општество за Југоисточна Европа“ – најважната институција во Германија за политички совет за прашања поврзани со Балканот, го опишува „ДВ“.

„Јас цврсто верувам дека ваквите комбинации – од моја гледна точка тие се исто така еден вид тест балони – бараат јасно противење на германската влада и на Европската унија. Границите во тој регион се неприкосновени и треба да останат такви. И јас сум многу среќен што германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас го формулираше толку убаво за време на неговата посета на Косово: историски, идеите за повлекување на етничката граница заслужуваат да завршат во ѓубре“, вели Саразин.

Уште порано, кога започна дебатата за размена на територии меѓу Србија и Косово, беше јасно дека идејата ќе биде тргната од агендата за некое време, но и дека одредени актери може да се обидат повторно пред крајот на ерата на канцеларката Меркел, да тестираат дали германската позиција е навистина цврста како позицијата на канцеларката во тоа време, вели тој.

– И затоа е пред се важно германската влада да заземе јасен надпартиски став за ова прашање. За нашата партија можам да кажам дека позицијата е кристално јасна. Исто така, на пример, Аналена Баербок (кандидат за канцелар на Зелените) на годишнината од масакрот во Сребреница уште еднаш и лично ја дефинираше оваа позиција, посочува Саразин.

Слични содржини