Германски Рајнметал сака да отвори фабрика за тенкови на територијата на Украина

од Vladimir Zorba

Германскиот производител на оружје Рајнметал преговара со Киев за отворање фабрика за тенкови на украинска територија, а шефот на оваа компанија Армин Пејпергер изјави дека разговорите со Украина се „ветувачки“ и дека се надева дека одлуката ќе биде донесена „во следните два месеци“.

„Фабрика на Рајнметал може да се изгради во Украина за околу 200 милиони евра“, рече Пејпергер, додавајќи дека таквата фабрика „може да произведува до 400 борбени тенкови Пантер годишно“, пишува Шпигел.

Шефот на Рајнметал е убеден дека фабриката на тлото на Украина може да се заштити од руски воздушни напади.

Слични содржини