Ги збуни обожавателите: Кендал славеше Нова година со поранешниот

Кендал Џенер новогодишната ноќ ја поминала со поранешното момче, НБА ѕвездата Бен Симонс во Филаделфија. Некогашниот пар бил видел заедно, а кошаркарот за дочекот на 2020 година изнајмил кров на зграда каде приредил голема забава.

Бен и Кендал беа во романтична врска скоро цела 2018 година, неколку пати раскинуваа и се смируваа, а последниот пат раскинаа кога манекенката беше фатена со Анвар Хадид, сегашното момче на Дуа Липа.

Џенер по правило го крие својот љубовен живот од јавноста, но врската со Бен била очигледно доволно сериозна што своевремено јавно ја откри и кај Елен во талк-шоуто.

Слични содржини