Гинисов рекорд: Најбрзо менување гуми на автомобил во движење (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Дуо од Италија постави нов Гинисов рекорд за најбрзо менување гуми на автомобил во движење. Да, во движење и, да, ја има таа категорија во Гинисовата книга.

Мануел Золдан вози BMW додека Џанлука Фолко седи на совозачкото седиште. Односно, тргнува од совозачкото седиште, но брзо се искачува низ прозорецот додека Золдан го крева BMW-то на две тркала.

Золдан полека го заобиколува BMW-то и балансира на две тркала, Фолко го вади предното тркало и го заменува со монтираното на вратата. Целиот процес трае една минута и 17,64 секунди, со што го надмина стариот рекорд за нешто повеќе од 13 секунди.

Ова дефинитивно е тимски напор, бидејќи Золдан покажува неверојатна контрола на автомобилот за да го одржува балансот на BMW при толку мала брзина.

Слични содржини