Го призна делото а нема одлежано ниту еден ден во затвор, случајот на прегазената Теодора Ристовска се враќа од почеток

од Даниел Ѓорѓиевски
65 прегледи

Семејството на смртно прегазената Теодора Ристовска бара одговорност за неправдата која судот им ја нанесе на нивното семејство. Имено,  Теодора Ристовска на 15 август 2022 година додека го преминувала пешачкиот премин на улица во Тетово била прегазена од страна на Менсур Пајазити и како последица на крварење во мозокот три дена по несреќата починала на скопските клиники.   Обвинетиот Менсур Пајазити кој со возило удри во девојката од Основиот суд во Тетово бил осуден на затворска казна од 3 години и шест месеци.

“Ниту една казна не може да ја надомести загубата на Теодора, барем сметавме дека оваа пресуда беше праведна. По првичната долга пауза помеѓу првото и второто рочиште, судот почна побрзо да ги закажува рочиштата, спротиставувајќи се на обидите на одбраната да ја одолговлекува постапката. Обвинетиот од почетокот тврдепе дена не се чуствува виновен, а неговата одбрана најави вештачење за да ја докажело неговата невиност. Но, откако судот ги изведе сите докази одбраната се повлече од барањето за вештачење и обвинетиот го призна делото,, изјави Ева Ристовска, сестра на починатата Теодора.

Ристовска потенцира дека од тука започнува неправдата која денес ги оставила неа и нејзиното семејство без одговори.

„Првото рочиште беше закажано на 7 јули, 2023 година, па следното на 8 ноември дури по 4 месеци пауза. Тоа е сериозно одолговлекување на постапката. Обвинетиот барал од Апелацискиот суд Гостивар да добие условна казна, а Вишото јавно обвинителство на почетокот со писмен предлог побарало жалбата да биде отфрлена како неоснована. Но, пред самото судење во Апелациониот суд обвинителството го менува својот став и наместо да се залага за одржување на првичната казна, предложи делумно уважување на жалбата на обвинетиот и изрекување на поблага казна. Како резултат на ова Апелациониот суд ја намали казната од 3 години и 6 месеци на 2 години затвор, повикувајќи се на олеснителни околности“, потенцира Ева Ристовска.

Ристовска потврди дека кај неа и нејзиното семејство постојат сомнежи  дека постои поткуп и некаков договор на вишиот обвинител кој наместо да биде на нивна страна како оштетени, тој застанал на страната на обвинетиот, кој до денес нема одлежено ниту еден ден во затвор за стореното дело, кое имено го призна, додаваат од семејството на загинатата Теодора.

Теодора беше тешко повредена кога на 15 август 2022 година во неа удри автомобил БМВ управуван од тогаш 49-годишниот Менсур Пајазити од Голема Речица. На 18 август таа им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Скопје.

 

Слични содржини