„Го спасил татко му, но не успеал да ја извлече мајка му“: Потресни сведоштва од Тетово

од Nikola Popovski

Шокантни сведоштва доаѓаат од Тетово откако пожарот во модуларната ковид-болница синоќа однесе 14 животи. Еден млад човек успеал да го скрши прозорецот од објектот и да го спаси својот болен татко, но за жал не стигнал навреме да ја спаси мајка му.

Како што објави „Телма“, во текот на денот роднините на жртвите чекале пред болницата. Тие не сакале да даваат изјави пред камера, но еден млад човек со солзи во очите зборувал за страшните моменти што ги преживеал, обидувајќи се да ги спаси своите родители кои биле внатре во објектот која бил проголтан од пожарот.

Кога се вратил во истата просторија за да им помогне на другите, чадот ја исполнил целата соба и тој морал да избега.

Неговата мајка останала заробена во друга просторија, каде што за жал починала.

Покрај него и девојка успеала да го спаси својот татко. Таа го скршила прозорот на болницата и го извлекла, а потоа се вратила да земе уште двајца пациенти кои лежеле со него во собата.Таа успеала да го спаси едниот, додека, за жал, не можела да го разбуди другиот. Бидејќи чадот веќе се зголемил, таа морала да побрза надвор, а тој останал да лежи во собата што горела.

Слични содржини