Годин на операција поради три скршени заба

од Vladimir Zorba

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Диего Годин, ќе оди на операција поради три скршени заба, повреда која ја доби по дуелот од 22-то коло во Шпанија против Валенсија (1: 0).

Во втората половина, уругвајскиот репрезентативец се удри страшно со голманот Нето, поради што загуби неколку заби и беше заменет.

Играчот ќе биде отсутен неодредено време. До крајот на оваа недела ќе има целосна јасност за неговата состојба.

Слични содржини