Ѓоковиќ: Многу луѓе жртвуваа време и енергија, за да ги остварам своите соништа

од Vladimir Zorba

Новиот шампион од Отвореното првенство на Австралија во тенис, Новак Ѓоковиќ тешко ја криеше возбудата по 7-та титула во Мелбурн и вкупно 15-та од Гренд слем. Тој му ја оддаде заслужената почит на противникот Рафаел Надал, кој денес не беше на ниво и загуби во три сета 6: 3, 6: 2, 6: 3.

„Сакам да го вратам гестот и да упатам комплименти на Рафаел Надал. Тежок натпревар, но како што ти кажа – се врати од повреда која тие извади од турнејата од септември. Имаше несреќа да поминеш низ многу повреди, но ми покажуваш на мене, на младите и на останатите колеги што значи да имаш борбен дух и што значи никогаш да не се откажуваш. Се обидувам да замислам што се случи во изминативе 12 месеци. Како и Рафа, јас исто така имав операција, но сега сум тука и сум со трета последователна Гренд слем титула. Неверојатно е, немам зборови. Благодарение на мојот тим. Ова е индивидуален спорт, но секогаш ме толерирате кога имам лоши денови“.

Потоа Србинот се обрати кон своето семејство и луѓето од тимот, кои не престануваат да го поддржат во текот на целиот пат во професионалниот тенис.

„Сакам да кажам и на моето семејство, на мојата сопруга, на мојот син и на ќерка ми. Барем ми ветија дека ќе гледаат, така ми кажаа пред натпреварот. Трофеите се уште поспецијални кога имаш блиски и специјални луѓе до тебе – двајцата мои браќа, семејството. Ги сакам ги многу. Тие жртвува многу од времето и енергијата, за јас да можам да ги остварам своите соништа, да бидам тука. Како што рече Рафа, тоа е најдобриот турнир во светот. Вршите неверојатна работа, правите да се чувствуваме како дома ова лето. Позитивниот став кон тенисот и првенството може да се почувствува насекаде. Научив неколку зборови на австралиски жаргон во последните неколку дена. Благодарам на навивачите за таква неверојатна посетеност. Не можам да дочекам да се вратам тука следната година“, изјави Ноле.

Слични содржини