Ѓоковиќ покажа среден прст, реагираше Иванишевиќ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, одигра егзибициски натпревар во Мајорка со Горан Иванишевиќ во двојки, а еден детал предизвика големо внимание.

На средина на првиот сет, Иванишевиќ се постави да сервира кога Новак му акција, која требаше да се изведе.

Секако, тоа беше шега затоа што Новак покажа три различни прста, па по показалецот, малиот прст, дојде редот на средниот прст.

Ова не го пропушти Иванишевиќ, кој веднаш возврати „Дали сакаш да ти го почешам грбот?“

Ова предизвика смеа кај сите присутни на теренот во Мајорка, но и покажа колку е добра атмосферата во тимот на најдобриот тенисер во светот.

Во еден момент, Иванишевиќ беше заменет на теренот со Марко Ѓоковиќ, па браќата играа против Фелисијано Лопез и Томи Хас.

Тој момент можете да го видите во 3:10 минути на видеото подолу:

Слични содржини