Голема бела ајкула се упати кон пливачите: Погледнете како се спасени нивните животи

од desk2
247 прегледи

Дронот кој го снимал морето кај плажата Бонди во близина на Сиднеј, снимил морско куче во близина на сурферите кои биле во морето.

Морското куче било во лов на риби, недалеку од самата плажа, а станува збор за голема бела ајкула.

„Таа како катапултирана излета од дното и се насочи кон големата туна“ – изјавил Џејсон Игулден, кој сè снимил со дрон.

Штом ајкулата почнала да се приближува до пливачите, тој ги повикал спасувачите кои ги евакуирале капачите од водата. Сè поминало во најдобар ред и никој не бил повреден.

Игулден тврди дека благодарение на снимките со дрон, во последните неколку години спасил повеќе човечки животи.

Слични содржини