Големи судири во Солун, употребени молотови коктели и солзавец (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Големи судири избувнаа денеска меѓу полицијата и демонстрантите во Солун, откако властите ставија крај на блокадата на главната зграда на универзитетот во градот, организирана од студенти и други демонстранти.

Демонстрантите фрлале со молотови коктели кон полицијата кога избувнале уличните судири во близина на центарот на градот, пренесува АП.

Полицијата одговорила со солзавец и уапсила неколку лица.

Во судирите нема повредени.

Универзитетската зграда била блокирана три недели во знак на протест против одлуката на централно-десничарската влада да организира полициски патроли на универзитетските кампуси, пренесува АП.

И покрај рестриктивните мерки за затворање, кои беа воведени поради пандемијата на коронавирус, во Грција се одржаа десетици протестни маршеви во изминатиов месец против планот да и се даде пристап на кампусите на полицијата, пренесува Танјуг.

Слични содржини