Големото враќање на Кајли Миног: Најавени нов сингл и албум

од Stefanija Kuzmanovska

Поп иконата Кајли Миног го објави својот голем музички кам-бек, објавувајќи на својот Инстаграм дека нејзиниот нов студиски албум „Диско“ ќе излезе во ноември годинава.


Кајли ја објави и насловната на албумот, но исто така го најави и новиот сингл „Say something“ што ќе биде достапен ширум светот утре на полноќ.

„Дали се радувате што конечно ќе кажам нешто? „Мојот нов албум „Диско“ доаѓа во ноември годинава“, напиша Кајли на Инстаграм.

Во Велика Британија, со своите 29 топ 10 синглови, таа е најуспешната пејачка по Мадона, а досега има продадено 40 милиони синглови и 25 милиони албуми во светот.

Нејзината најпозната песна е „Can’t Get You Out Of My Head“, која исто така беше прогласена за „најпевлива“ песна на сите времиња.

Слични содржини