Голоб: Северна Македонија секогаш може да смета на нашето потполно сојузништво и поддршка

од Nikola Popovski

Она што е најзначајно е дека во Словенија веруваме дека Македонија и нејзиниот евроатлантски пат е еден од најзначајните гаранти за стабилноста на Западниот Балкан. Процесот кој минатата година доби нов момент, а тоа е пристапните преговори за С. Македонија и Албанија на патот кон полноправно членство во ЕУ, е процес кој не смее да застане, посебно во оваа ситуација, рече словенечкиот премиер Роберт Голоб на денешната прес-конференција со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски.

Според него, постојат доста елементи кои би сакале да застане тој пат, кој не им е во интерес и немаат корист за жителите на Западен Балкан.

-Затоа ќе сториме се за да ја поддржиме оваа Влада на господинот Ковачевски и сите останати напори во Северна Македонија, за да ги исполниме очекувањата и обврските кон ЕУ од една страна, а од друга страна и ЕУ е таа која ја разбира актуелноста на моментот во Северна Македонија и адекватно го прилагодува целиот процес да не застане. Се што беше направено минатата година во процесот на приближување кон ЕУ не смее да сопре. Тоа е она што е клучната порака денес. Словенија игра актуелна улога во Брисел и по потреба во регионот. Денеска јасно кажавме дека Северна Македонија секогаш може да смета на нашето потполно сојузништво и поддршка, кажа Голоб.

Слични содржини