Ѓорчепетровци на протест против „урбаната мафија“

од Берта Китинска

Жителите на општината Ѓорче Петров преку статус на Фејсбук информираат дека во сабота во 12 часот напладне ќе одржат протест против, како што велат „урбаната мафија“ во општината.

-Откако по двонеделно игнорирање на нашите барања од страна на општината за ревидирање на ДУП СЗ 24 Јурија Дексион, за да се намали градежниот габарит и висината на зградите, ние граѓаните на населбата Дексион организирани во Иницијатива против урбано дивеење ќе излеземе на МИРЕН ПРОТЕСТ во: САБОТА (12.09) ВО 12ч. И ЌЕ ЈА БЛОКИРАМЕ ГЛАВНАТА УЛИЦА ЃОРЧЕПЕТРОВСКА, веднаш пред локацијата Јурија каде што ќе се градат овие згради ! Протестот ќе биде мирен и достоинствен, ќе се почитуваат сите заштитни мерки за Ковид 19, а неговата цел ќе биде испраќање порака дека условите за живот на граѓаните се пред парите и урбаната мафија ! Нашите барања мора да бидат прифатени и овој криминално донесен ДУП мора да биде ревидиран !СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПРОТЕСТ ВО 12ч. ВО САБОТА !!!

ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! СТОП ЗА УРБАНАТА МОНЕТАРИЗАЦИЈА !!!Откако по двонеделно игнорирање…

Публикувахте от Ѓорче Петров в Четвъртък, 10 септември 2020 г.

Слични содржини