Гости од Австралија и Сингапур во карантин во хотелски соби додека се чекаат резултатите за коронавирус

од Aleksandar Todeski
345 прегледи

Странци од Австралија и Сингапур кои во земјава пристигнале на 28 февруари се гостите на скопскиот хотел кој до носењето на резултатите дали тие се позитивна на коронавирусот ќе биде затворен. Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес конференција посочи дека двајцата имале симптоми во изминатите три дена, а во хотелот вендаш отишле епидемиолози, се земале брисеви од двајцата и наскоро треба да бидат соопштени резултатите, по што ќе се превземат соодветни мерки.

Фото: Локално.мк

„Се ќе се направи согласно резултатите од тестирањето. Ако се негативни, тие ќе бидат  упатени во обичниот дел на Инфективната клиника, а доколку се позитивни, има цел алгоритам по кој треба да се постапи. Нека стигнат резултатите и нивните одговори на прашалниците, па согласно тоа ќе постапиме понатаму“, рече Филипче.

Во моментов двајцата се во соба од која како што рече министерот, не излегле од собата неколку дена, откако ги имале симптомите на настинка. Алгоритамот предвидува разгледување на сите контакти кои заболените ги имале, па согласно времетрањето, физичкиот котнакт или седење во иста просторија, се прави шема за луѓето со кои тие биле во контакт. Спроед министерот, ако бил помал контактот, мала е веројатноста да се пренесе коронавирусот.

Слични содржини