55
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Р.(24) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
„Во текот на март 2024 година, едно лице побарало помош од пријавениот за да му се отклучи апликација на неговиот мобилен телефон, по што пријавениот му кажал дека треба да плати 2,99 евра со платежна картичка и побарал слика од картичката, на што измамениот се согласил. На 14.03.2024, оштетениот добил СМС пораки во вид на известување, дека од неговата платежна картичка се извршени повеќе плаќања на веб-страница, при што му биле одземени 529.051 денари“, велат од полицијата.