Грабеж во продавница во Визбегово

од desk2

Непознати маскирани лица синоќа извршиле грабеж во продавница во село Визбегово – соопшти денеска МВР.

Синоќа околу 19:30 часот било пријавено дека во скопското село Визбегово, во маркет, четири непознати маскирани лица од кои едното имало безбол палка, а друго нож, влегле во продавницата и со закана од вработената одзеле околу 30.000 денари и неколку кутии цигари по што го напуштиле местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот – додаваат од МВР.

Слични содржини