Град Скопје: Добро е што Перински призна дека имаме капацитет да набавиме нови автобуси

од Milan1
26 прегледи

Добро е што министерот за локална самоуправа Перински во вечерашното интервју призна дека на средбата во Владата бил понуден план за санирање на состојбите во градот Скопје, а добро е и што призна дека градот е ликвиден, консолидиран и има сопствен финансиски капацитет да набави нови еколошки автобуси, реагираат од Град Скопје и велат дека со ова паднале сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја поздравуваме искреноста на Златко Перински и повторуваме дека е точно дека градот Скопје може сам да набави 250 еколошки автобуси. За тој проект како министер за локална самоуправа сепак Перински би требало да знае дека набавката мора да биде изгласана и одобрена од Советот на град Скопје каде мнозинство има токму ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. Токму нивните советници 22 месеци гласат против одлуката за набавка на нови автобуси. Доколку Перински смета дека може да апелира до советниците да гласаат за оваа одлука, подготвени сме да закажеме вонредна седница на Советот со цел изгласување на одлуката за набавка на нови еколошки автобуси“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција, прашан за проблемите со автобускиот превоз во Град Скопје рече дека како влада размислувале за сите општини во државата да направат пакет, за да може сите општини што имаат потреба од организиран јавен превоз тоа генерално да се реши.

Слични содржини