Зградата на општината во Париз ја помина ноќта во зелена боја. Светлината на фасадата е знак на разочарувањето и несогласувањето на Ан Хидалго, која е градоначалник на Париз со одлуката на САД да се повлечат од мировен договор за климата.

Претходно претседателот на Франција Емануел Макрон,во приватен разгов ор со американскиот претседател, изразил разочарување од одлуката на Доналд Трамп да започне постапка за излегувањето на САД од договорот, кој предвидува мерки за борба против глобалното затоплување.
Договорот за климата од Париз 2015 година останува на сила и голем број светски лидери и многу заедници, вклучително и во САД, најавија дека ќе ја продолжат борбата за една позелена економија.
Хидалго е приврзаничка на еколошките активности. Во 2016 година таа застана на чело на движење за забрана на дизел моторите во големите градови. Според неа тоа ја докажува неподготвеноста на градовите да продолжат да г “толерираат загадувањето на воздухот и здравствените проблеми кои ги предизвикува”.
Дизел моторите се најчести кај возила во Европа. Иако дизел мотори се сметаат за поекономично поради цената на горивото, согорувањето произведува големи количини саѓи и азотни оксиди во споредба со бензинот. Последните истражувања покажуваат дека токму овие честички придонесуваат за смртта на над три милиони луѓе во светот секоја година