Градоначалникот на Буча: Досега откривме 412 тела

од Nikola Popovski

Далеку од борбите во источна Украина, градот Буча во близина на Киев сè уште брои мртви по повлекувањето на Русија.

Ексхумацијата на телото е при крај, изјави градоначалникот Анатолиј Федорук, додавајќи дека досега се откриени 412 убиени цивили.

-Многу од нив биле пронајдени во една масовна гробница, тврди тој.

Телата на цивилите за кои се претпоставува дека се убиени од руските војници на подрачјето на Буча, Ирпин, Бородјанка и Гостомел, или починале од страв или од глад, се наоѓаат во фрижидерите на три камиони пред Судската медицина во центарот на Буча каде што во тек е идентификацијата.

Слични содржини