Граѓаните ја сфатија сериозноста за носење лична заштита: Драстично опаѓа бројот на прекршоци за неносење маска

од Берта Китинска

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 29619 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 169 прекршоци во изминатото деноноќие. Ова е најмалата бројка на регистрирани прекршоци од МВР во изминатиов период откако владата ја донесе задолжителната мерка за носење лична заштита за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според податоците на министерството за внатрешни работи најмногу  во првата половина на јуни во одредени денови биле регистрирани и над 1.000 прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Вчера биле регистрирани  237 прекршоци за неносење маски.

Од МВР информираат дека во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 43 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 313 лице им се издадени решенија за изолација, а 5 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.

Слични содржини