Граѓаните реагираат: „Се мислам како вечерва ќе спијат газдите шо зеле пари за себе и ќе ги објават“

од Берта Китинска

Над 700 фирми од земјава, најголемиот дел од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Куманово, побарале поддршка од државата преку мерката за исплата на плата на вработените поради корона кризата, но парите на вработените не ги дале.

Опомени се пратени до фирмите поради неисполлнување на обврските од уредбата, роковите се поминати за исплата, но од Управата за јавни приходи, апелираат да ги исплатат и да ја исполнат обврската, пред да бидат спроведени предвидените законски дејствија и да бидат јавно објавени. 7/29/2020 Фирмите побарале и добиле пари од државата, вработените не ги добиле платите, испратени опомени .

И рекациите на социјалните мрежи не стивнуваат:

“Во сериозна држава, имињата на фирмите кои ја злоупотребиле државната помош се објавуваат јавно, нивните сопственици, управители, како и кривичните пријави кои се поднесени за ова кривично дело. Не „доколку не бидат исплатени“…” Во овие доцни сати се мислам како вечерва ќе спијат газдите шо зеле пари за себе и ќе ги објават на сајт  „В земја ќе пропаднат од срам газдите Немојте толку сурово УЈП“ „Саглам Јавно обвинителство денеска ќе ги собереше сите управители на фирмите што не ги исплатиле парите на вработените. Кој нема во текот на утрешниот ден да им ја исплати помошта веќе утре, право во Шутка“. „Зошто давање шанса “во текот на утрешниот ден”. „Колку криминалци би се согласиле да го вратат украденото ако бидат фатени? Сите, епа затоа вреди да се проба“.„ УЈП вика ќе ги опомене и ќе ги каже јавно кои се… „Не знам зошто помошта за работниците оди преку фирма. Требаше да им уплатат по 14,500 денари директно на вработени. Ваљда УЈП ги знае трансакцијските“…..се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Повеќе здруженија и синдикати преку заедничко сооштение реагираат на тоа што одредени фирми кои и покрај тоа што добиле државна помош не ја исполниле обврската за плати на своите вработени. Тие бараат Управата за јавни приходи (УЈП) да изврши присилна наплата на платите, а компаниите да бидат казнети.

-Силно ги осудуваме сите работодавачи кои примиле финансиска поддршка од државата, а не ја исполниле обврската за исплата на плати на своите вработени. Целта на државната финансиска поддршка утврдена со владината уредба за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 беше да се зачуваат работните места на работниците, а не работодавачите незаконски да профитираат на грбот на работниците за време најголемата здравствена, социјална и финансиска криза со која се соочуваме. Сметаме дека ваквото однесување на работодавачите е недозволиво, неправедно, незаконско и нехумано, се вели во соопштението.

Фирмите согласно владината мерка може да побараат поддршка од државата за исплата на плати на вработените, а со цел задржување на работните места, за април, мај и јуни. Анализата за спроведување и искористување на мерката за април и мај е готова и УЈП ја претстави, а за јуни се во тек анализите. Анализата покажа дека 281 работодавач во април примиле поддршка во износ од 9 милиони 995 илјади 565 денари, а не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработен и во мај 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13,698,998 денари.

Слични содржини