Грчките власти поради пожарите ги евакуираат граѓаните околу Атина

од Stefanija Kuzmanovska

Грчките власти евакуираа неколку области северно од Атина откако пожарот зафати шуми и се закани дека ќе се прошири на куќи, и покрај акцијата спроведена од пожарникарите, пренесува АП.

Пет канадери и четири хеликоптери беа искористени денес за гаснење на пожарот пред областа на Стамат и Родопа, на 30 километри северо-источно од Атина, наведе „Катимерини“.

Жителите од областа добија предупредувања на мобилните телефони и беа повикани да ги држат вратите и прозорците затворени што е можно подолго за да не бидат изложени на чад и да спречат искри да ја запалат внатрешноста на куќите.

68 пожарникари беа испратени на терен и 22 противпожарни возила беа распоредени да се обидат да го спречат огнот, чиј чад стигна до Атина.

Силните ветрови го отежнуваат гаснењето на пожарот, пренесува „Катимерини“.

Слични содржини