Great Wall подготвува луксузна лимузина

од Vladimir Zorba

Кинески Great Wall Motor веќе неколку години се обидува да лансира нов луксузен бренд, а новите вести велат дека ќе биде под брендот ZX.

Првиот модел треба да биде луксузен седан од 5,5 метри.

Кинеските медиуми објавија и скица на дебитантскиот модел на новата марка, со кодно име ZX (комерцијалното име веројатно ќе биде различно), кој ќе произведува престижни патнички модели во брзорастечкиот сегмент NEV на кинескиот пазар (NEV за електрични возила , plug-in хибриди и возила на водород).

Дебитантскиот модел на марката ZX би требало да наликува на Cadillac CT6 и Rolls-Royce Ghost, а засега нема технички спецификации.

Слични содржини