Гризман: Би сакал да играм против Мбапе во мадридското дерби

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ја поздрави можноста неговиот сонародник Килијан Мбапе да му се приклучи на градскиот ривал Реал Мадрид на слободен трансфер од Пари Сен Жермен на крајот од сезоната.

„Мбапе ќе биде добро пречекан во Шпанија. Ќе бидам среќен што ќе можам да играм во мадридското дерби против него“, изјави Гризман за Le Parisien.

Францускиот репрезентативец, исто така, изрази желба во текот на летото да учествува не само на ЕП 2024, туку и на Олимпијадата, чиј домаќин е неговата земја.

„Нешто необично е што Олимписките игри се во Париз. Ќе дадам се од себе да играм таму. Ќе разговарам со управата да видам дали ќе ми дозволат. Обемот на работа? Го знам моето тело и имаме физичка подготвеност на највисоко ниво, така што немам за што да се грижам“, додаде тој.

Во меѓувреме, непосредно пред крајот на дуелот на Атлетико со Интер во Лигата на шампионите (1:0), Гризман го напушти теренот со истегнување на скочниот зглоб, но според Marca, снимките покажале дека нема сериозна повреда и се очекува играчот да биде подготвен за реваншот против Атлетик Билбао од полуфиналето на Копа дел Реј за една недела.

Слични содржини