Грција и кредиторите разговараат за механизам за предвидување на суфицит

од desk2

Грција и нејзините кредитори разговараат за механизам кој ќе им овозможи на двете страни да знаат пред април 2019 година, дали земјата ја има постигнато или не својата цел за примарен суфицит за 2018 година.

Ова го соопшти официјален претставник на грчката Влада кој е запознаен со тековните преговори, додавајќи дека механизмот вклучува прогноза на податоци за тоа како ќе заврши годината, но не откри повеќе детали.

Тој рече дека вонредниот законски механизам истекува во 2018 година, по кој, ако целта од 3,5 отсто примарен суфицит е надмината, Владата ќе преземе многу повеќе позитивни мерки од негативни. Ако економијата произведува точно 3,5 проценти вишок, владата ќе преземе исто позитивни и негативни мерки кои сега ќе се донесат преку закони.

– Велам и позитивни и негативни. Не реков дека нема да има штедење. Велам дека нема да има никакви дополнителни мерки за штедење, изјави владиниот извор и изрази надеж дека грчката Влада нема да мора да отвори дискусија за намалување на пензиите.

Слични содржини