Груби-Брнс: САД се нашиот најголем сојузник

од Nikola Popovski

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, г-динот Артан Груби одржал работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, г-ѓа. Кејт Брнс.

Амбасадорката Брнс му честитала на г-н Груби за назначувањето за прв вицепремиер и му посакала успех во остварувањето на сите негови цели и истовремено му се заблагодарила за блиската и коректна соработка.

За време на состанокот со Груби, Брнс истакнала дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија во спроведувањето на неопходните и многу важни реформи насочени кон владеењето на правото и функционирањето на институциите на непристрасен и независен начин.

Брнс, исто така рекла дека Северна Македонија треба да го одржи единството за да ја искористи можноста за членство во Европската унија.

Г-ѓа Брнс му пренела на Груби дека Соединетите Американски Држави се подготвени да ги продлабочат билатералните односи меѓу двете земји и зајакнување на понатамошното зголемување на директните инвестиции од САД и соработката во областа на дигиталната економија во согласност со сигурносните стандарди на НАТО.

Првиот вицепремиер г-динот Артан Груби и се заблагодарил на американската амбасадорка за континуираната и искрена поддршка на САД. Она зад што стои НАТО во Северна Македонија е најдобрата можност што ја имала земјата од нејзината независност, бидејќи нашето полноправно членство во оваа алијанса, покрај тоа што им носи безбедност на граѓаните и на државата, носи и повеќе инвестиции и поголем економски развој.

Груби за време на работниот состанок со американската амбасадорка г-ѓа. Брнс истакнал дека Владата на Република Северна Македонија останува посветена на спроведувањето на реформите, со посебен акцент на сегментот правда.

 

Слични содржини