Грузија со голем хендикеп пред историскиот меч со Македонија

од Nikola Popovski

Македонија вечерва од 18 часот ѝ гостува Грузија во историската пресметка од финалниот бараж за пласман на Европското првенство догодина.

Имаме доста сличности со Грузија во многу области во текот на историјата, па и фудбалски, па се очекува и завршниот чин од трилогијата натпревари меѓу двете репрезентации да донесе многу надмудрување. Секако и тврд фудбал, како што беше на претходните два дуели одиграни со идентичен резултат 1:1 во последните два месеци.

Неиграњето на Кваратскелија е голем хендикеп за Грузија, па јавноста и медиумите не може да се помират дека за најважниот меч ќе го немаат својот најдобар фудбалер, член на Рубин Казан, па како епидемиолози почнаа да истражуваат каде тоа нивниот офанзивен играч се заразил од ковид-19. И прво што почнаа да трагаат е дали Кваратскелија дошол заразен со корона до својот Рубин Казан, чиј член е, ама генералниот директор на клубот, Рустем Саиманов демантира дека Квича болен дошол во Тбилиси од рускиот тим.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски, како што претходно беше објавено, нема да може да смета на Барди, Кире Ристевски и Крсте Велковски.

УЕФА го одреди Ентони Тејлор од Англија за судија на историскиот меч.

Слични содржини