Гутереш: Анексијата на украинските територии кон Русија нема место во современиот свет

од Stefanija Kuzmanovska

Руската анексија на украинските територии, која треба да се финализира, „нема место во современиот свет“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во обраќањето пред новинарите.

„Секоја одлука за анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје нема да има правна вредност и заслужува да биде осудена“, рече Гутереш.

„Тоа оди против сето она што меѓународната заедница треба да го претставува. Тоа е спротивно на целите и принципите на Обединетите нации. Ова е опасна ескалација. За тоа нема место во современиот свет. Тоа не треба да се прифати“, изјави генералниот секретар на ОН.

Тој рече дека секоја руска одлука да продолжи во таа насока дополнително ќе ги загрози перспективите за мир, дека ќе го продолжи „драматичното влијание врз светската економија“ особено врз земјите во развој и дека ќе биде пречка за способноста на ОН да испорача итна помош за Украина и на други места.

„Крајно време е да се оддалечиме од провалијата“, ​​рече тој.

Слични содржини