Гутереш: Загрижен сум поради мизерните услови за живот на притворениот претседател на Нигер

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, е многу загрижен поради мизерните услови во кои моментално се наоѓаат претседателот на Нигер, Мохамед Базум и неговото семејство во импровизиран притвор, соопшти денеска портпаролот на ОН.

Тој наведе дека Гутереш ја повторил својата загриженост за здравјето и безбедноста на претседателот на Нигер и неговото семејство, објави „Ројтерс“.

„Генералниот секретар уште еднаш повикува на негово итно, безусловно ослободување и враќање на функцијата шеф на државата“, истакна портпаролот на ОН.

Слични содржини