Гвардиола го спореди Агуеро со Меси и Марадона

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола присуствуваше на збогувањето со Серхио Агуеро од фудбалот.

Двајцата соработуваа пет години во Манчестер.

Агуеро за Сити постигна дури 260 гола на 390 натпревари, а со тој тим четири пати беше шампион на Англија.

Гвардиола имаше интересна споредба.

„Марадона ја освои титулата во Италија, Меси во Шпанија и Агуеро во Англија. Неговите бројки зборуваат сами за себе. Како што Марадона беше во Наполи, а Меси во Барселона, така и Агуеро беше апсолутно клучен за четирите титули во Премиер лигата што ги освои Сити во изминатата деценија“, рече Гвардиола.

Да потсетиме, Агуеро беше принуден да ја заврши кариерата на само 33 години, поради проблеми со срцето и аритмија.

Слични содржини