Гвинет Палтроу зачекори во шестата деценија, но изгледа како на почетокот на кариерата (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Гвинет Палтроу на својот Инстаграм профил сподели фотографија која веднаш привлече внимание, се во желба на оригинален начин да и го честита роденденот на својата стилистка Елизабет Салцман.

На Instagram Story, Гвинет Палтроу објави „гола“ фотографија, селфи на кое позира облечена само во црн градник без прерамки и црни гаќички со висок струк. Во серијата фотографии на Инстаграм Стори, 50-годишната актерка додаде уште две фотографии – едната на која позира на црвениот тепих во прекрасен долг бел фустан и една на која се гушка со својата стилистка Елизабет Салцман.

Целта на објавувањето на тие фотографии беше да се покаже дека нејзината стилистка Елизабет е толку талентирана што лесно може да ја трансформира холивудската ѕвезда од незабележлива долна облека во елегантен вечерен фустан. Според тоа, актерката над фотографијата на која позира во долна облека напиша: „Од ова“, а потоа над фотографијата на која позира на црвениот тепих напиша: „До ова“.

Така таа и го честиташе роденденот на својата модна стилистка Елизабет Салцман. Но, она што на многумина им падна во очи е беспрекорната фигура на Гвинет. Актерката, која наполни 50 години минатиот септември, неодамна се отвори за стареењето и откри како ги прифатила трагите што тоа ги остава на нејзиното тело.

„Моето тело, мапата на докази од сите денови, е помалку безвременски. Збирка ознаки и неправилности кои ги окупираат поглавјата. Лузни од изгореници од рерната, одамна исечен прст на прозорецот, раѓање на дете. Сребрена коса и фини брчки. Сонцето ги остави своите небесни отпечатоци од прсти насекаде над мене, како да натопи четка во темно кафеав акварел, поминувајќи ја преку мојата кожа“, забележа таа.

Сепак, актерката истакна дека поважни и се доброто здравје и долговечноста од изгледот и дека прави сè што може за да спречи губење на мускулите.

„Имам една мантра што ја фрлам на оние непромислени мисли кои се обидуваат да ме исфрлат од колосек: прифаќам. Прифаќам траги и опуштена кожа, брчки. Го прифаќам своето тело и ја испуштам потребата да бидам совршена, да изгледам совршено, да и пркосам на гравитацијата, да и пркосам на логиката, да пркосам на човештвото. Ја прифаќам мојата хуманост“, напиша таа неодамна на страницата на нејзиниот велнес бренд Goop, кој продава низа производи за убавина и додатоци.

Слични содржини