Хаити: Се врати колерата, починаа најмалку седум лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити, откако болеста ненадејно се врати поради недостаток на гориво и чиста вода за пиење поради блокадата на земјата од криминални банди.

„Според информациите што ги имаме, бројот на починати се движи околу седум или осум. Денеска е забележан еден смртен случај“, велат надлежните, додавајќи дека е тешко да се добие информација од болниците.

Новиот случај на колера е откриен две години откако оваа карипска земја закрепна од епидемијата на колера која избувна во 2010 година и однесе околу 10.000 животи, а за чиешто избувнување се обвинуваат мировниците на Обединетите нации испратени на Хаити.

Слични содржини