Хаити: Вооружена банда упадна во болница и држи како заложници стотици пациенти

од Stefanija Kuzmanovska

Вооружена банда упадна во болница на Хаити и зеде како заложници стотици жени, деца и доенчиња, изјави директорот на болницата Хозе Улис.

„Ние сме во голема неволја“, рече тој, пренесува АП.

Засега не се познати деталите за инцидентот и не е јасно зошто напаѓачите ги зеле пациентите како заложници. Улис ги обвини членовите на бандата Бруклин предводена од Габриел Жан-Пјер, попознат како „Ти Габриел“.

Тие се занимаваат со изнуда, киднапирање и насилство врз цивили, се вели во извештајот на Обединетите нации.

Бандите ширум Хаити се сè помоќни по атентатот на претседателот Џовенел Моиз во јули 2021 година, а бројот на киднапирања и убиства е во пораст, наведува американската агенција.

Слични содржини