Хамас: Повеќе од 11.000 загинати или исчезнати под урнатините во Појасот Газа

од Vladimir Zorba

Министерството за информации на Хамас денеска соопшти дека повеќе од 11.000 луѓе се убиени или исчезнати под урнатините како резултат на израелското бомбардирање на Појасот Газа.

Се вели дека Израел уништил повеќе од 8.000 станбени и десетици јавни објекти, јавува палестинската телевизија Ал Акса.

Министерството тврди дека Израел досега фрлил над 25.000 тони експлозив врз Газа. Во соопштението се додава дека Министерството за здравство на Хамас се обидело да ги евакуира повредените цивили во јужниот дел на Појасот Газа, но дека Израел биле насочени кон нив.

Слични содржини