Хамас: Прекин на огнот и повлекување услов за ослободување на заложниците

од Radmila Tasevska

Палестинското движење Хамас објави дека за ослободување на заложниците кои ги држи ова милитантно движење, неопходно е да се гарантира крај на израелската офанзива и повлекување на сите израелски сили од Појасот Газа.

Соопштението дојде откако Израел одржа состанок со катарските и египетските посредници, по што соопшти дека не е постигнат договор.

Неименуван висок функционер на Хамас изјави за Ројтерс дека успехот на состанокот во Париз ќе зависи од тоа Израел да се согласи да стави крај на, како што рече, „сеопфатната агресија врз Појасот Газа“.

Според него, договорот ќе треба да го поддржат Катар, Египет и САД. Тие земји вчера испратија делегати на високо ниво да разговараат за заложничката криза во Газа со високи израелски разузнавачи.

Во овој момент не е јасно дали Хамас со исполнување на овој услов ќе ги ослободи сите 132 заложници или само дел од нив. Израел тврди дека тие сè уште се во Газа.

Хамас претходно најави дека за да ги ослободи сите заложници, неопходно е Израел да ги ослободи илјадниците Палестинци што ги држи во своите затвори од безбедносни причини.

Слични содржини