ХАОС НА УЛИЦИТЕ ВО ТРИПОЛИ: Десетици загинати во судирите во Либија

од Берта Китинска
193 прегледи

Се судрија силите на Владата на национално единство, со седиште во Триполи, и вооружените групи поврзани со новиот претседател Фети Башаг.

Министерството за здравство на Либија соопшти дека во вчерашните судири во Триполи загинале најмалку 23 лица, додека 140 се ранети.

Се судрија силите на Владата на национално единство, со седиште во Триполи, и вооружените групи поврзани со новиот претседател Фети Башаг, кој ја има поддршката од парламентот во Тобрук, во североисточна Либија.

Премиерот на Либија вети дека ќе ја заштити владата што ја предводи. Тој донесе одлука за итни мерки и апсење на сите учесници во, како што рече, агресијата врз главниот град Триполи.

Слични содржини