Хаос пред „Вембли“: Илјадници навивачи ги пробија полициските кордони (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Група навивачи на домаќинот Англија предизвикаа хаос на Вембли пред финалето на Европското првенство помеѓу Англија и Италија.

Поголеми групи навивачи ги пробија оградите на повеќе места, а некои дури успеаја да се стиснат на стадионот меѓу 60.000 среќници кои беа таму легално затоа што имаат билет за овој спектакл.

Чуварите неуспешно се обидоа да го одбранат Фудбалскиот храм, но не им успеа, па ја повикаа службата за интервенција за помош. Еден „навивач“ беше фатен .Луѓето кои ја следат ситуацијата и известуваат преку социјалните мрежи истакнуваат дека проблемот е во бројот на чувари, безбедност и полиција кои едноставно немаат доволно.

Слични содржини